Евакуиран „East Gate Mall“ поради лажен аларм за пожар

Посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот според безбедносните протоколи, по што трговскиот центар продолжил со работа.

Трговскиот центар „Ист гејт“ денеска беше кратко евакуиран по активирање на противпожарен аларм кај еден од закупците. Посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот, согласно безбедносните протоколи.

По проверките било утврдено дека станува збор за лажен аларм за пожар, по што трговскиот центар продолжил со работа.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета. Евакуацијата била спроведена превентивно, поради активирањето на алармот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс