Новата сезона на „Еуфорија“ не ги воодушеви критичарите

По долгото чекање, третата сезона доби поделени, но претежно негативни реакции, иако дел од критиките се и позитивни.
Sidni Svini u seriji "Euforija" Tanjug/AP/HBO

Популарната серија „Euphoria“ конечно се врати со трета сезона по четири години пауза, но првите реакции не се баш во духот на еуфоријата. Многу критичари сметаат дека новите епизоди не го достигнуваат нивото на претходните сезони

Според рецензии на медиуми како The Guardian и The Telegraph, сезоната делува „разочарувачки“, „уморно“ и дури „застарено“. Дел од критичарите ја опишуваат како премногу мрачна, со конфузна насока и претерано фокусирање на шокантни сцени. 

Особено внимание предизвика приказот на ликот Кеси, кој во новата сезона влегува во светот на онлајн сексуална содржина, што кај дел од публиката и критичарите предизвика негативни реакции и обвинувања дека серијата оди во погрешна насока. 

Сепак, не сите реакции се негативни. Некои медиуми ја пофалија серијата, истакнувајќи дека и понатаму нуди силни глумачки изведби и реалистичен приказ на современиот живот, особено преку ликот на Ру, кој го толкува Zendaya. 

И покрај критиките, „Euphoria“ и понатаму останува една од најзборуваните серии, но третата сезона јасно покажува дека очекувањата по долгата пауза биле многу високи — и не сите сметаат дека се исполнети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни