ЕУ воведува санкции за руска новинарка, работела во Франција

Европската унија воведува санкции против Ксенија Фјодорова, поранешна директорка на францускиот огранок на руската државна телевизија RT.

Според ЕУ, Фјодорова била вклучена во активности поврзани со странско информативно влијание и мешање во демократските процеси. Брисел наведува дека учествувала во уредувачката политика на RT France и ширењето на проруски наративи во контекст на руската инвазија врз Украина.

Одлуката ја поздрави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој порача дека оние што дејствуваат против француската демократија ќе се соочат со последици.

Француското Министерство за внатрешни работи во јули издаде наредба за нејзино протерување, оценувајќи дека претставува закана за француските интереси и јавниот ред.

Фјодорова претходно била ангажирана и од францускиот канал CNews и радиостаницата Europe 1. RT France во 2023 година објави дека го прекинува работењето откако беше опфатен со санкциите на ЕУ, иако неговата интернет-страница продолжи да објавува видео содржини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс