EУ од 1 јули воведува нова привремена такса на сите мали пратки што пристигнуваат од трети земји, со вредност до 150 евра. Таксата ќе изнесува три евра по производ.
Според податоците на Европската комисија, секојдневно во ЕУ пристигнуваат околу 12 милиони мали пратки, од кои дури 91% доаѓаат од Кина. Новата мерка е воведена поради зголемена потреба од построга контрола на евтини производи кои често не ги исполнуваат безбедносните стандарди на Унијата, особено во сегментите на козметика, електроника и детски производи.
Новата регулатива може да донесе дополнителни трошоци за потрошувачите. Иако враќањето на производите ќе остане можно, надоместокот за царина и такси најверојатно нема да се враќа. Доколку купувачот одлучи да не ја подигне пратката, трошоците за нејзино уништување ќе останат на товар на државата, како и досега.