ЕУ ја замрзна финансиската поддршка за Србија

Како клучна причина за суспензијата се наведуваат контроверзните законски измени донесени на почетокот на 2026 година

Поради сериозни забелешки за функционирањето и независноста на судскиот систем, ЕУ ја суспендираше финансиската поддршка за Србија во рамките на Планот за раст.

Одлуката ја соопшти европската комесарка за проширување, Марта Кос.

„Во овој момент, ги суспендиравме сите исплати кон Србија во рамките на планот за развој, бидејќи повторно гледаме тесно грло во судскиот систем. Додека ова не се поправи, земјата нема да може да добие финансиска поддршка од ЕУ“, рече Кос.

Како клучна причина за суспензијата се наведуваат контроверзните законски измени донесени на почетокот на 2026 година, со кои, според критичарите, се зголемува влијанието на извршната власт врз судството. Дел од експертите предупредуваат дека ваквите мерки може да ја ослабат независноста на обвинителството и да ги закочат постапките за високa корупција и организиран криминал.

Кос нагласи дека европското финансирање е строго условено со владеењето на правото, стабилни демократски институции и независно судство, додавајќи дека Унијата не може да си дозволи проширување со земји што би ги нарушиле овие принципи.

Дополнителен фактор за одлуката се и забелешките за демократските процеси, вклучително и нерегуларностите и инцидентите за време на локалните избори, како и притисоците врз медиумите и граѓанското општество. Несогласувањето на Србија со санкциите на ЕУ кон Русија останува уште една точка на разидување со Брисел.

Економистите предупредуваат дека евентуалната загуба на средствата би можела да има сериозни последици врз инфраструктурните проекти и енергетската транзиција на земјата, кои во голема мера зависат од европските фондови.

Одлуката ќе остане во сила сè додека Венецијанска комисија не даде конечна оценка, а српските власти не покажат конкретен напредок во реформите. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни