Образецот што се повторува низ целиот документ не е отворено назадување, туку стагнација маскирана како реформа.
Довербата на граѓаните во судската независност дополнително се урна оваа година, при што само 21 отсто од граѓаните и 19 отсто од компаниите ги оценуваат судовите како независни, значително помалку од 28 и 26 отсто лани. Комисијата директно посочува на „мешање и притисок од други државни гранки” како главна причина, забележувajки дека избрани функционери и претставници на Владата ги засилиле личните напади врз судии и обвинители кои ги обвинуваат за корупција, со изjaви од највисоко ниво на Владата за „чистење” на судството. Извештajот е недвосмислен за ризикот, поткопување на судската независност и на самото начело на поделба на властите.
ЕК заклучува дека судството и обвинителството продолжуваат да функционираат со буџет под половина од законски пропишаниот минимум, само 0,28 отсто од БДП наспроти пропишаните 0,8 отсто. Уште позагрижувачко, идната генерација судии едноставно не постои: Академијата за судии и обвинители го откажа приемот на 130 нови кандидати поради недостиг на средства, што значи дека земjaта нема да добие ниту еден нов судија или обвинител пред 2028 година. Во моментов пополнети се само 432 од 636 предвидени судиски места, а 84 судии ќе се пензионираат до крајот на 2028.
Сликата во борбата против корупцијата е слична. Спроведувањето на антикорупциската стратегија останува ниско, само 23 отсто од планираните активности за 2025 година биле целосно спроведени. Изменетиот Кривичен законик, донесен како привремено решение по проблематичните измени од 2023 година, ЕК го оценува како недоволен, со намалени казни за потешки форми на злоупотреба на службена положба, што директно го скратува рокот на застареност и остава помалку време за истрага на комплексни случаи на корупција. Резултатот е она што извештajот го нарекува чувство на неказнивост: високопрофилни случаи ретко завршуваат со правосилни осуди. Можеби најсимптоматичен детаљ е дека самите граѓани судиите ги перцепираат како најкорумпираната професија во земjaта (79 отсто), пред обвинителите и полицијата, додека 92 отсто сметаат дека корупцијата е широко распространета.
Медиумската слобода не е поштедена. Новинарите продолжуваат да се соочуваат со притисоци од политички актери, зголемено онлајн насилство и закани, без посветен закон против SLAPP тужби, чиј број растe, 40 тужби за навреда и клевета во 2025 година, наспроти 15 лани. Јавниот сервис МРТ, во меѓувреме, доби 1,3 милиони евра помалку по ребалансот на буџетот, а буџетот за 2026 година останува под законски пропишаниот износ. Институциите замислени да ги штитат граѓаните од злоупотреби, Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, работат со помалку од половина од потребниот персонал.
Заедничката нишка низ извештajот не е недостиг на закони, туку недостиг на политичка волја тие закони реално да заживеат. Секое поглавje завршува со истата порака: направени се чекори, но потребни се „понатамошни ревизии”.