Националната опера и балет соопшти дека за само 30ина минути се распродадени сите билети за свеченото отворање на 54 издание на Мајски оперски вечери.
„Меѓународниот фестивал на оперската уметност, Мајски оперски вечери, традиционално ја претвора сцената на Македонската опера и балет во центар на врвната уметност.
Во периодот од 9 до 31 мај, публиката ќе има можност да ужива во некои од најграндиозните оперски и едно балетско дело, со настап на реномирани домашни и светски уметници, диригенти, режисери, кореографи и солисти. Ова е месец на силни емоции, безвременска музика и вечери што оставаат трага“ соопштуваат од Опера и балет.
Комплетниот репертоар и набавка на билети за 54. издание на Мајски оперски вечери е на следниот линк