Во индустрискиот комплекс Рас Лафан во Катар, во постројение за преработка на течен природен гас (LNG), се случила силна експлозија и пожар, при што се повредени 54 лица, а 18 се водат како исчезнати.
Според властите, инцидентот се случил за време на стартување на оперативни процеси во гасното постројение „Барзан“, дел од индустрискиот град Рас Лафан. Експлозијата ја предизвикала пожарна реакција, по што на терен веднаш биле испратени екипи за итни интервенции кои успеале да го стават огнот под контрола. Катарската државна компанија QatarEnergy соопшти дека станува збор за технички инцидент, без да наведе дополнителни детали за евентуалните последици врз капацитетите или снабдувањето со гас.
Министерството за внатрешни работи на Катар потврди дека 54 лица се повредени, додека 18 лица сè уште се водат како исчезнати. Во тек е интензивна акција за пребарување и спасување, во која учествуваат локални служби и меѓународни тимови за цивилна заштита. Властите нагласија дека нема знаци на истекување што би претставувало опасност за јавната безбедност.
Според сведоци, експлозијата била толку силна што се слушнала и во главниот град Доха, кој се наоѓа во близина на индустрискиот комплекс Рас Лафан.