Експлозија ги вознемири граѓаните на Сплит, загина едно лице

Детонацијата се случила во подвозник во сплитските населби, а по ноќта со шпекулации, утрото донесе официјално појаснување од полицијата.

Силна експлозија вчера навечер ги вознемири жителите на сплитските квартови Равне Њиве и Пујанке. До трагедијата дошло во подходникот под улицата „Домовинска војна”, при што загина едно лице.

Детонацијата се случила околу 22:45 часот, а на местото на настанот веднаш пристигнале сите расположиви полициски сили кои ги блокирале сите пристапи до местото на настанот. Увидот бил спроведен во присуство на заменик-жупанискиот државен обвинител во Сплит, а поради безбедносни причини полицијата го затворила влезот во градот од улицата „Домовинска војна” на Равне Њиве до крстосницата со Солинската улица.

Рано наутро, Полициската управа Сплит-Далмација издаде официјално соопштение во кое потврди дека во настанот загинало едно лице и дека, според досега утврдените информации, нема елементи на кривично дело. Телото е превезено на Патологија заради судско-медицинска обдукција која треба да ги разјасни точните околности на смртта.

Во текот на ноќта по социјалните мрежи се ширеа непотврдени информации за можни две жртви и за две последователни експлозии, меѓутоа официјалните органи ги демантираа овие наводи, додека засега потврдена е само една жртва.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни