Експлозија на огномет во Мексико: 10 загинати и 64 повредени пред црква

Најмалку 10 лица загинаа, а 64 се повредени при експлозија на пиротехнички средства за време на верска прослава во Темаскалцинго, Мексико.

Најмалку 10 лица загинаа, а 64 се повредени во експлозија на пиротехнички средства за време на верска прослава во мексиканската сојузна држава Мексико. Несреќата се случила во саботата вечерта во општината Темаскалцинго, кога по детонацијата се урнал ѕид, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случила во близина на црквата Нуестра Сењора де ла Лус, додека стотици жители се подготвувале за огнометот што бил дел од верскиот фестивал. Темаскалцинго има околу 66.000 жители и се наоѓа на околу 160 километри северозападно од главниот град Мексико Сити.

Покрената истрага

Канцеларијата на државниот обвинител покрена истрага, но причината за експлозијата сè уште не е официјално утврдена. Локалниот бискуп потврдил дека меѓу повредените има и двајца свештеници.

Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат хаосот по експлозијата, додека луѓе во густиот чад ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

Пиротехничките несреќи се чести во Мексико

Експлозиите поврзани со пиротехнички средства не се реткост во Мексико, каде што огнометот традиционално се користи за време на улични прослави и верски фестивали.

Пред речиси четири години, во силна експлозија во село во општината Хуехутла, во сојузната држава Идалго, беа повредени 17 лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс