Експлозија на гас урна дел од студентски дом во Русија

Една жена била извлечена жива од урнатините, а сите лица што се наоѓале во објектот биле евакуирани.
Foto: Telegram

Три лица се повредени откако делумно се урнале покривот и два ѕида од студентски дом во градот Малојарославец, во Калушката област, соопштија локалните власти.

Според првичните информации, инцидентот се случил на третиот кат од објектот, а како можна причина се наведува експлозија на гас, изјавил локалниот функционер Вјачеслав Парфенов.

Една жена била затрупана под урнатините, но спасувачките екипи успеале да ја извлечат жива. Таа се здобила со повреди на главата и нозете и е пренесена во болница. Повредени се уште две лица, но засега нема подетални информации за нивната состојба.

Сите лица што се наоѓале во зградата биле евакуирани, додека службите за итни интервенции продолжуваат да го обезбедуваат објектот и да ги утврдуваат причините за несреќата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни