Повеќе експлозии се слушнале во градовите Сринагар и Џаму во областа Кашмир, само неколку часа по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.
Жителите потврдиле дека во тие градови снемало струја.
„Што се, по ѓаволите, случи со примирјето? Се слушаат експлозии низ целиот Сринагар!!!“, напиша на социјалните мрежи Омар Абдула, највисок функционер во Кашмир.
Гранатирање и пукотници се пријавени и на најмалку пет локации долж Линијата на контрола – границата што го дели индискиот и пакистанскиот дел од Кашмир.
Нема извештаи за жртви