Едночасовен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин

Главната тема на разговорот беше ситуацијата во Украина, а разговорот бил оценет како „конструктивен и многу отворен“

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денес одржаа телефонски разговор кој траеше точно еден час, соопшти советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Главната тема на разговорот беше ситуацијата во Украина, а Ушаков го опиша разговорот како „конструктивен и многу отворен“. Двајцата лидери се осврнаа и на неодамнешната посета на Москва од страна на претставниците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Според советникот на Путин, за време на разговорот, Трамп јасно се залагал за брз крај на војната.

„Трамп бараше брз крај на војната“

„Доналд Трамп јасно се залагаше за идејата за брз крај на конфликтот, што веднаш би отворило импресивни и далекусежни перспективи за целосно обновување на односите меѓу САД и Русија“, изјави Ушаков пред новинарите.

Од друга страна, Путин му ја претстави на американскиот претседател „визијата“ на Русија за ситуацијата, вклучувајќи го напредувањето на руските сили на бојното поле и постигнувањето на поставените цели во Украина, рече Ушаков.

Двајцата претседатели се согласија дека ќе останат во контакт и, доколку е потребно, повторно ќе се слушнат без одлагање, заклучи Ушаков.

е-Трн да боцка во твојот инбокс