Американската актерка Џејми Ли Кертис се огласи по парламентарните избори во Унгарија, истакнувајќи го своето потекло по промената на политичката сцена.
Американската актерка и продуцентка Џејми Ли Кертис реагираше на резултатите од парламентарните избори во Унгарија, на кои партијата на Виктор Орбан го загуби мнозинството по долг период на власт.
Кертис на социјалните мрежи сподели вест за изборниот исход, во која се наведува дека опозицијата се приближува кон убедлива победа. Во кратка порака, таа истакна дека е горда на своето унгарско потекло и додаде дека „ништо не се менува ако нешто не се промени“.
Актерката и претходно јавно зборувала за своите корени. Нејзиното семејство по таткова линија потекнува од Унгарија, а нејзиниот татко, актерот Тони Кертис, бил од унгарско-американско потекло. Таа повеќепати ја посетувала земјата и ја истакнувала својата поврзаност со неа.
На изборите, по 16 години власт, партијата Фидес на Орбан го загуби мнозинството, додека опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, обезбеди значајна победа и контрола во парламентот.