Џезот во Македонија: РеТрн со Џијан Емин и Гоце Стевковски

Во новата епизода на РеТрн ДУО гостуваат Џијан Емин и Гоце Стевковски, кои зборуваат за џез сцената, љубовта кон музиката и дали може да се живее од музика во Македонија.

Наши гости во новата епизода на РеТрн се Џијан Емин – диригент на Националниот џез оркестар и еден од најпрепознатливите современи музичари од регионот, и Гоце Стевковски – директор на оркестарот, автор и музичар со долгогодишно искуство на домашната и регионалната сцена.

Џијан зад себе има меѓународна кариера, соработки со светски музичари и учество во бројни оркестри и проекти – од филхармонии до филмска и театарска музика.
Гоце, пак, е автор и перкусионист има и албуми зад себе и е дел од значајни бендови,проекти и соработки во музиката. Воедно е и еден од клучните иницијатори за создавање на Здружението на џез музичари, кое денес е национална институција.

Во оваа епизода зборуваме за џезот – каде е денес и колку е присутен кај нас, за љубовта кон музиката и предизвиците на професијата:

  • Може ли да се живее од музика во Македонија?
  • Каде се наоѓа џез сцената денес и колку е популарна?
  • И што би биле доколку не беа музичари?

Џијан Емин и Гоце Стевковски во РеТрн ДУО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни