Џенифер Лопез со фотографија од када привлече внимание пред 57. роденден

Пеачката, која во петок полни 57 години, одморот во Париз го помина со сестра Линда, со торта, свеќички и заедничка слика снимена во када.

Пејачката Џенифер Лопез, која во петок полни 57 години, во текот на викендов објави фотографија на која насмеана позира во мермерна када. Сликата е дел од серија фотографии од заедничкото патување по повод роденденот, со сестра Линда Лопез во Париз, каде сестрите дувале свеќички и се дружеле.

„Заедничкото роденденско патување со сестра секогаш е добра идеја“, напиша Лопез во објавата овој викенд, придружена со порака на љубов до сестра ѝ Линда. Низ серијата фотографии се гледаат и други моменти од одморот – дување свеќички во ресторан и опуштено дружење. Линда Лопез, која има 55 години, на својот Instagram профил го опиша патувањето како најдоброто заедничко роденденско патување што можела да го замисли.

Минатата година, кога наполни 56 години, Лопез роденденот го прослави со голема забава во Турција, каде беше на турнеја, а истата вечер за прв пат ја изведе својата песна “Birthday”.

Шест месеци подоцна, во јануари, за време на настап во Лас Вегас, таа се осврна на коментари на социјалните мрежи во кои ѝ се порачува да се облекува во склад со годините. Лопез рече дека им се смее на таквите коментари и на публиката ѝ порача дека и тие би постапиле исто да имаат нејзина фигура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс