Рибари кај Кејп Код уловија редок двобоен јастог, дониран во научен центар

Рибари во американската сојузна држава Масачусетс уловија исклучително редок двобоен јастог со јасно поделена боја. Наместо да заврши во кујна, примерокот е дониран во научен центар каде ќе биде изложен за јавноста. Експертите велат дека ваквите појави се исклучително ретки и поврзани со генетски варијации.
Tanjug/Shannon Keresey/Wellfleet Shellfish Company via AP

Рибари кај брегот на Кејп Код, во американската сојузна држава Масачусетс, уловија редок двобоен јастог кој веднаш привлече внимание поради својата необична боја.

Според информациите, јастогот од едната страна е кафеав, додека од другата има јасно изразена портокалова боја, при што бојниот контраст се протега од главата до опашката.

Примерокот бил уловен на 16 април и наместо да заврши како храна, бил дониран на аквариумот „Woods Hole Science Aquarium“ во Фалмут, каде ќе биде зачуван и изложен кога институцијата повторно ќе се отвори.

Експерите објаснуваат дека вакви двобојни јастози можат да настанат како резултат на спојување на два ембриона во еден организам, што претставува исклучително ретка генетска појава.

Иако јастозите најчесто се кафеави, повремено се појавуваат и варијации во боја, како сини или портокалови примероци, но комбинацијата од две јасно поделени бои е особено ретка.

Јастогот моментално се чува во лабораториски услови додека трае реновирањето на аквариумот, по што ќе биде изложен за посетителите како редок пример на природна генетска аномалија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни