Две општини во Скопје денес без струја

Делови од Карпош и Петровец денеска ќе останат без струја поради најавени зафати во електродистрибутивната мрежа.

Делови од две скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.

Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од дел од комплексот „Св. Јован“ во населбата Злокуќани, во Општина Карпош.

Од 09:00 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од делови од улиците број 1 и број 4 во селото Ржаничино, во Општина Петровец.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги организираат своите обврски во согласност со најавените прекини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни