Search

Две нови национални установи поврзани со Илинден

Владата донесе одлука за формирање две нови национални установи од областа на културата кои ги афирмираат личностите и настаните поврзани со Илинденскиот период и со македонската државност. Станува збор за Десет дена Крушевска Република и Денови на Смилевскиот конгрес.

Иницијативата за основање на установата Десет дена Крушевска Република е со цел поттикнување на творештвото на современиците инспирирано од Илинден и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за афирмација на Македонија. Оваа установа ќе биде сместена во објектот на Историски музеј – Крушево, што е во сопственост на РСМ.

Иницијативите се поднесени од Министерството за култура каде што е предвидено Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар да ги одбележува деновите на Смилевскиот конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на РСМ, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.

Новите национални установи според досегашната нивно постоење и програмски содржини, продолжуваат да дејствуваат во духот на афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност.

Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност.

Најново

Последни колумни