Дрон удри во станбена зграда во Романија, повредени две лица

Беспилотно летало удри во станбена зграда во романскиот град Галаци, во близина на границата со Украина и Молдавија. Во инцидентот се повредени две лица, а избувнал и пожар.

Беспилотно летало рано утринава удри во покривот на станбена зграда во романскиот град Галаци, при што полесно се повредени две лица. Според романските медиуми, дронот ја погодил зградата околу два часот по полноќ, по што избувнал пожар на десеттиот кат.

Галаци се наоѓа во близина на границата со Украина и Молдавија.

На местото на настанот веднаш пристигнале полицијата и пожарникарските екипи, а интервенцијата сè уште трае, пренесуваат локалните медиуми. Засега нема официјални информации за потеклото на дронот или за причините за инцидентот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс