„Дражен“ стигнува на големото платно – од 12 декември во „Синеплекс“

Од 12 декември, домашните кина ќе ја донесат инспиративната приказна за Дражен Петровиќ, кошаркарската легенда чиј дух и игра го освоија светот. Филмот „Дражен“, во режија на Данило Шербеџија, е снимен во чест на 60-годишнината од раѓањето на овој спортски великан, кој ја промени историјата на кошарката. Светската премиера се одржа во родниот град на Дражен, Шибеник, токму на неговиот роденден.

Оваа биографска драма, според зборовите на продуцентите, ја надминува спортската перспектива. Приказната се фокусира на клучните моменти од животот на Петровиќ – неговата страст кон кошарката, силната одлучност, но и неговите лични односи и растеж.

Во главната улога блеска Домагој Нижиќ, додека младиот Дражен го игра Тонко Стошиќ. Актерската екипа е дополнета со имиња како Зринка Цвитешиќ, Драган Мичановиќ и други.

Филмот е копродукција на компании од Хрватска, Словенија и Србија, со поддршка од значајни институции, спонзори и Олимпискиот комитет на Хрватска. „Дражен“ е повеќе од биографија – тоа е ода за човек кој ја покажа моќта на упорноста и страста, трансформирајќи ја кошарката во уметност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни