Драма во германската репрезентација: Нови сомнежи за местенката на ждрепката пред дуелот со Парагвај

Германија се соочува со тензии во репрезентацијата пред осминафиналето на Светското првенство, додека повторно се отвораат сомнежи за ждрепката и патот до финалето.
epa13057658 Soccer balls rest on the field during the 2026 FIFA World Cup group stage match between Jordan and Algeria at San Francisco Bay Area Stadium in Santa Clara, USA, 22 June 2026. EPA/BENJAMIN FANJOY

Нокаут-фазата на Светското првенство продолжува со нови возбудувања, но и со контроверзии. Во пресрет на вечерашниот дуел со Парагвај, германската репрезентација се соочува со внатрешни тензии, додека повторно се актуелизираат сомнежите околу ждрепката и распоредот на натпреварите.

Според германскиот весник Bild, атмосферата во кампот на Германија е далеку од идеална. Наводно, дел од репрезентативците побарале итни разговори со селекторот Јулијан Нагелсман поради незадоволството од ситуацијата во тимот, иако официјални детали за причините не се објавени.

Во меѓувреме, поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер ја оцени актуелната германска селекција како една од најслабите во поновата историја. На критиките одговори напаѓачот Каи Хаверц.

„Секој има право на свое мислење. За време на вакви турнири многумина зборуваат за нас, но ние не обрнуваме премногу внимание. Лесно е да се критикува од страна, но навистина не ме интересира што мислат другите“, изјави Хаверц.

Контроверзии предизвика и реакцијата од Бразил, каде дел од јавноста смета дека Аргентина добила значително полесен пат до финалето. На социјалните мрежи и во дел од медиумите се појавија повици да се испита начинот на кој е формирана ждрепката, иако засега нема никакви докази што би укажале на нерегуларности.

Во меѓувреме, Чешката остана без селектор. Искусниот Мирослав Коубек поднесе оставка по елиминацијата во групната фаза, каде неговата репрезентација освои само еден бод. Тој ја обвини јавноста и медиумите дека против него била водена кампања базирана на „лаги и измислици“.

Денешната програма на Светското првенство продолжува со три осминафинални натпревари. По дуелот меѓу Бразил и Јапонија, следуваат пресметките Германија – Парагвај и Холандија – Мароко, по кои ќе биде комплетирана следната фаза од мундијалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс