Според метеоролозите во државата, врнежите на повеќе места ќе бидат поинтензивни, особено во западните и северните делови од земјата.
Температурите ќе се спуштат за неколку степени, а ветерот ќе биде северозападен и повремено засилен. Во планинските предели и на повисоките места се очекува формирање на прв снег, додека во котлините времето ќе остане облачно и свежо со повремен дожд.
Од среда се предвидува постепено стабилизирање на времето и пораст на температурите, со повеќе сончеви периоди во текот на денот.