Виралната крофна ги преплави Доломитите со туристи

Вирална крофна предизвика туристичка еуфорија во Доломитите, со стотици посетители кои доаѓаат до планинарска колиба само поради десертот.

Некогаш мирната планинарска колиба „Фридрих Август“ стана туристичка атракција откако десертот „бомболоне“ се прослави на социјалните мрежи.

Виралниот италијански десерт „бомболоне“ предизвика вистинска туристичка еуфорија во Доломитите. Стотици посетители се упатуваат кон планинарската колиба „Фридрих Август“, не само поради погледот, туку и за да  ја пробаат популарната крофна.

Десертот, сличен на крофна и најчесто полнет со ванилин крем или мармалад од кајсија, стана хит откако туристи и инфлуенсери почнаа да објавуваат снимки од него на „ТикТок“. По објавите, пред колибата почнале да се создаваат долги редици.

Од колибата велат дека интересот е толку голем што имаат проблеми и со плаќањето, а поради големиот број посетители дури дошло и до прекин на интернетската врска.

Локалните планинари предупредуваат дека дел од посетителите пристигнуваат без соодветна опрема и искуство, изложувајќи се на непотребен ризик само за да го пробаат десертот.

Случајот повторно го отвори прашањето за прекумерниот туризам во Доломитите. Локалните власти и планинарските организации предупредуваат дека популарноста на социјалните мрежи сè почесто носи огромни гужви на места кои порано биле познати по мирот и природата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс