Документарецот за Елтон Џон нуди интимен увид во музичката историја

Документарецот за Елтон Џон, „Никогаш не е доцна“ ќе биде објавен на 13 декември. Филмот ќе го следи животот на Елтон Џон и првата година од неговата извонредна кариера додека тој се подготвува за својот последен концерт во Северна Америка.

Во историско збогување, како никогаш досега, Елтон не води низ неговите скромни почетоци, кога како млад музичар мораше да надмине бројни тешкотии, злоупотреби и зависности за да стане иконата што ја знаеме денес.

Исполнет со неговите најголеми хитови, како и ретко видени моменти од 70-тите и снимки од неговите лични архиви, овој документарец нуди интимен и емотивен увид во музичката историја. Историскиот настап на Елтон во клубот Трубадури во 1970 година, создавањето на песната Tiny Dancer и неговата изведба со Џон Ленон на последниот јавен настап на Ленон. Тоа е портрет на една од најпознатите личности во историјата на поп музиката, со уникатен поглед на неговиот подем, скоро пад и триумфално враќање на врвот.

„Со ексклузивен пристап до Елтон на сцената, зад сцената и во студиото, овој документарец ја раскажува приказната за Елтон Џон каква што досега не била раскажана“, велат од Disney+.

Продукцијата е потпишана од Rocket Entertainment и This Machine Filmworks, а режијата е на RJ Cutler, David Furnish и Trevor Smith.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни