По краткото освежување, Македонија повторно влегува во период на стабилно, сончево и сè потопло време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пријатни, но во текот на денот повторно ќе се искачат до летни вредности.
Максималната дневна температура низ земјата ќе се движи од околу 30 до 37 степени, додека во Скопје се очекува сончево време со слаб северен ветер и температура до околу 35 степени.
Според прогнозите на метеоролозите, ова освежување ќе биде краткотрајно. Веќе од вторник започнува нов топлотен бран, а од средината на неделата температурите во Скопје ќе достигнуваат 35–38°C, со чувство на температура и над 40 степени, додека во најтоплите делови од Македонија максималните вредности повторно ќе се доближат или ќе ја надминат границата од 40°C.
Најтоплиот дел од денот и понатаму ќе биде помеѓу 11 и 17 часот, кога здравствените власти препорачуваат да се избегнува подолг престој на отворено, особено за повозрасните лица, хронично болните, децата и бремените жени. Метеоролозите препорачуваат редовна хидратација, носење светла и лесна облека и избегнување физички активности во најжешкиот дел од денот.
Доколку прогнозите се остварат, Македонија и оваа недела ќе остане под влијание на силен летен топлотен бран, без позначајни врнежи и со многу сончеви часови