Македонија овој викенд е под влијание на стабилна, сува и многу топла воздушна маса од Африка. Утрински температури ќе бидат до 22 степени, а дневните до 39 степени во Скопје и 37 на повеќе места. Тоа не е само жешко лето. Над одредена граница, топлотниот бран убива.
Топлотниот удар е состојба во која телото го изгубило капацитетот да се лади само, температурата на телото скокнала над 40 степени и без итна интервенција можат да следат трајни оштетувања на мозокот, бубрезите, срцето или смрт. Европа оваа недела го гледа тоа,, а Македонија оваа сабота влегува во нов топлотен бран. Еве конкретно сè што треба да знаете.
Зошто ова лето е поинакво
Европа се соочува со еден од најсилните топлотни бранови во последните години. Причина е „Омега блок” атмосферски феномен кој создава долготрајни периоди на стабилно и исклучително топло време. Метеоролозите предупредуваат дека Балканот, вклучително и Македонија, се соочува со првите сериозни удари на екстремната жештина.
Ова не е изолирана летна состојба. Научниците предупредуваат дека климатските промени предизвикани од човековата активност доведуваат до сè почести екстремни временски појави, особено до долготрајни периоди на екстремна жештина. Периодот од април 2025 до март 2026 е веќе наjтоплиот дванаесетмесечен период кога-досега регистриран на глобално ниво и ова е новата нормалност.
Три состојби кои топлотниот бран ги предизвикува
1. Топлотни грчеви — наjлесна форма
Болни грчеви во мускулите (најчесто нозе и стомак) при физичка активност во жешко. Причина: губење на соли и течности преку потење. Не се опасни по живот, но се знак дека телото испраќа сигнал.
Што да правите: Одете на ладно место, пијте вода со малку сол или изотоничен напиток. Не продолжувајте со физичка активност.
2. Топлотна исцрпеност — средно сериозна, честа
Ова е она кое повеќето луѓе го наречуваат „лошо ми е од жештина.” Симптоми: силно потење, слабост, ладна и бледа или влажна кожа, слаб пулс, гадење, можно повраќање, несвестица, главоболка. Телесна температура е нормална или малку зголемена под 40 степени.
Опасно е ако не се реагира навреме бидејки може да прогресира во топлотен удар.
Што да правите: Веднаш на ладно место. Легнете со подигнати нозе. Пијте ладна вода. Ладни влажни крпи на врат, подмишници, препони. Ако симптомите не се подобруваат за 15 минути повикај итна помош.
3. Топлотен удар — медицинска итност
Ова е наjопасна форма. Телесната температура надминала 40 степени. Кожата е жешка, сува и сина или со промената боjа телото застанало со потење. Симптоми: конфузија, дезориентираност, невообичаено однесување, губење свест, конвулзии. Пулсот е брз и силен.
Ова е итна состојба. Повикајте Брза помош.
Додека чекате итна помош: Однесете го лицето на ладно место. Ладете го со сите средства достапни, ладена вода, мраз на врат, подмишници и препони, вентилатор. Не давајте ништо да пие ако е несвесно.
Кого топлотниот бран нajмногу го погодува?
Постари лица над 65 години телото постепено го губи капацитетот да ги регулира температурата. Жлездите за пот работат послабо. Жедта се чувствува подоцна и дехидрациjата доаѓа пред да се осетат знаците.
Мали деца и бебиња затоа што телото не регулира добро температура. Расположливата површина на кожата наспроти телесната маса е помала, загревањето е побрзо.
Хронично болни, срцеви болести, дијабет, бубрежни заболувања, хипертензија. Комбинацијата од африкански топлотен бран и висока влажност создава „топлотен шок” кој е особено опасен за лицата над 50 години и хроничните болни.
Лица со психијатриски болести, одредени лекови (антипсихотици, антидепресиви) го намалуваат капацитетот на телото да се лади. Честопати не ја препознаваат опасноста.
Лица на одредени лекови, диуретици, бета-блокатори, антихистаминици можат да го нарушат одговорот на телото на жештина.
Работници на отворено, градежни работници, земјоделци, спортисти. Физичката активност на сонце е комбинација со висок ризик.
Лица без пристап до климатизиран простор, социоекономски ранливи лица, бездомни лица, луѓе во лошо изолирани домови.
Најчести медицински последици на топлотниот бран
Акутни: дехидрација и нарушување на електролитниот баланс, остро бубрежно оштетување, бубрезите се меѓу органите кои наjрано страдаат, кардиоваскуларен стрес срцето работи побрзо за да ладе крв, хипотензија (пад на крвниот притисок), тромбоза ,дехидрацијата ја сгустува крвта
Хронични, при тешки случаи: оштетување на мозокот при топлотен удар,, трајно бубрежно оштетување и мускулна рабдомиолиза (распаѓање на мускулно ткиво) опасна, ако е масивна.
Влошување на постоечки состојби: срцева слабост, дијабетесот станува потешко регулабилен, ХОББ (белодробни болести) — жештина ги влошува симптомите и мигрена
Конкретни препораки
Дома: Затворете ролетни и завеси во текот на денот, особено на јужни и западни страни. Отворајте навечер и ноќе за проветрување. Не користете рерна и шпорет во топлите часови, зголемуваат температурата во домот. Ставете влажна крпа на врат ако немате клима, пијте вода редовно и не чекајте да ви биде жед. Мин. 2-3 литри дневно за возрасни, не пијте алкохол и забрзува дехидрацијата, а Кафе и чај со умереност затоа што има диуретичен ефект.
Надвор: избегнувајте директна изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот, носете светла, лабава облека од природни материјали (памук, лен), капа или шешир задолжително ако сте надвор, ако мора да работите надвор правете почести паузи во сенка, повеќе вода
Со деца никогаш не оставајте дете во паркиран автомобил, дури и кратко. Температурата во автомобил може да достигне 60 степени за 20 минути. Кремите за сонце со висок SPF повторувајте гина секои 2 часаи практикувајте чести бањи со млака (не ладна) вода.
Со постари и болни: Проверувајте ги повеќепати во текот на денот, потсетувајте ги за пиење вода — многу постари лица не ја чувствуваат жедта навремено, ако немаат клима одведете ги во климатизиран простор (трговски центар, библиотека)
Знак дека сте добро хидрирани
Урината треба да биде светло жолта. Ако е темно жолта или портокалова, веднаш пијте вода. Ако е скоро безбојна тоа е во ред. Ако не сте мокреле неколку часа тохаш е можна дехидрација. Ако имате грч, главоболка и темна урина истовремено повикајте лекар.
Топлотниот бран не дискриминира, но нееднакво погодува. Постарите, болните, сиромашните, работниците на отворено го сносат најголемиот товар. Оваа жештина е и тест за солидарноста: проверете ги соседите, роднините, луѓето кои живеат сами. Телото ви испраќа сигнали. Слушнете ги пред да е предоцна.