До 18:00 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, информираа од Центарот за упрвавување со кризи.
Од регистрираните пожари два се уште се активни, додека пет пожари се изгаснати, додаваат од ЦУК.
Активни пожари има во Општина Прилеп – место викано Маркова Чешма (ниска вегетација) и во
Општина Василево – с. Нова Мала каде гори ниска вегетација).
Изгаснати пожари: Општина Струмица – с. Банско (депонија); Општина Штип – населба Св. Недела (ниска вегетација и борова шума); Општина Прилеп – с. Ропотово (ниска вегетација); Општина Липково – с. Матејче (ниска вегетација); Општина Струга – с. Заграчан (ниска вегетација).