До 18 часот еден активен пожар, а два пожари се под контрола

Денес до 18:00 часот, регистрирани се вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, под контрола се два, а изгаснати се пет пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активен пожар има во општина Старо Нагоричане во атарот на селата Степанце и Добрача каде горат сува трева и ниска шума.

Под контрола се пожарите на депониите во селата Доброшинци, општина Василево и во селото Штука во општина Босилово.

Изгаснати се и пет пожари во општините Гостивар, Новаци, Струмица, Кочани и Кавадарци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс