По повод 28 Мај, Светскиот ден на менструалната хигиена, dm drogerie markt го продолжи проектот „Никогаш повеќе сама“ преку серија едукативни средби со студентки во Скопје. Во текот на месецот, Бести, симболот на поддршка и блискост во рамки на иницијативата, заедно со прим. д-р Искра Дукова, специјалист по гинекологија и акушерство и претставник на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, одржаа работилници посветени на менструалното здравје и хигиена.

Настаните се одржаа во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студентскиот дом „Пелагонија“ и во Студентскиот културен центар, а на секоја средба присуствувале повеќе од 50 студентки. Работилниците биле замислени како простор за отворен разговор, поставување прашања и добивање стручни совети без чувство на непријатност или стигма.
„Преку работилниците сакавме да создадеме безбеден и отворен простор во кој студентките ќе можат да добијат стручни информации и да постават прашања без непријатност или стигма“, изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Како дел од настаните, студентките добија подароци и имаа можност да дегустираат dmBio производи, со што средбите беа дополнети и со практичен и поддржувачки аспект посветен на секојдневната грижа и информираност.
По повод Денот на менструалната хигиена, dm организираше и дополнителна активност за купувачите. На 28 мај, секоја девојка и жена со сметка над 300 денари во dm продавниците добива Jessa подарок на каса, со цел да се подигне свеста за важноста на менструалната хигиена.
Во рамки на проектот се реализира и едукативен видеосеријал со Бести, кој обработува теми поврзани со менструалното здравје, хигиената, митовите и табуата. Целта е младите да добијат информации преку формати блиски до нивното секојдневие и дигитални навики.
Иницијативата „Никогаш повеќе сама“ започна во октомври 2024 година, кога dm обезбеди бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети преку поставување повеќе од 220 диспанзери низ земјата. Во текот на академската 2024/2025 година биле донирани 230.000 Jessa влошки, а поддршката продолжува и следната академска година со дополнителни 320.000 производи и нови едукативни активности.