Sempre е македонски Hause collective кој го сочинуваат Delovski, InvictoZ, Flowzy и Blu. Колективот е активен на домашната електронска сцена и се препознава по современ афро и house звук, како и по енергични сетови што ја градат атмосферата на клубските и фестивалските настапи.
Во изминатиот период, Sempre настапуваа на повеќе урбани настани и клубски програми во Скопје, а еден од позабележителните настапи беа предизведувачи на светската ѕвезда Black Coffee, што претставува значаен момент за домашната електронска сцена.
Колективот важи за претставник на новата генерација македонски DJ артисти кои постепено го прошируваат своето присуство на регионалната сцена, градејќи препознатлив стил и публика.
Sempre во моментов работат на нов материјал и најавува повеќе изданија во текот на летото, како и нови настапи во претстојната есен и зима, со цел дополнително зацврстување на своето музичко присуство.

Овојпат, тие настапија пред светски познатиот DJ Black Coffee, во рамки на настан кој привлече голем интерес кај публиката и клупската сцена.
По настапот, дечките не го криеа воодушевувањето од атмосферата.
„Легенда. Најголема легенда од сите. Основач на афро музиката, така афро хаус. Благодарност на Авалон што ја ценат нашата долгогодишна работа и посветеност. Инспирација.“


Тие ја опиша вечерта како исклучително позитивно искуство, со силна енергија и публика која, како што велат, била дел од вистински музички момент.
„Добра атмосфера, добра музика и дефинитивно убав народ. Енергија, добра музика и најдобра забава. Луди, упорни и dreamers“, велат од Sempre.
Во својот поздрав по настапот, тие упати благодарност до публиката и организаторите, нагласувајќи дека настанот има меѓународен карактер.
„Енергијата беше супер. Фала многу на публиката. Настапот беше супер. Ве сакаме многу. Поздрав од Sempre до публиката. Фала Авалон. Ова е еден светски настан. Секоја чест на Авалон.“
Sempre истовремено испратија и порака за иднината на македонската сцена, нагласувајќи дека е важно домашните артисти да добијат повеќе простор на големи настапи.
„Сè повеќе вакви настани. Се надеваме дека ќе имаме и повеќе македонски артисти да газиме на овие настани“, порачаа.

Покрај настапите, Sempre најавија и нова продукција. Според нив, периодот што следува ќе биде исполнет со изданија и настапи.
„Sempre дефинитивно спрема нова музика. Планираме три изданија за ова лето и дефинитивно многу музика во текот на есента и зимата, како и многу енергетски настапи како и вечерва и многу други моменти и спомени“, додваат.
Sempre продолжува да се позиционира како дел од новата бранa македонски електронски артисти, со фокус на енергија, продукција и настапи на сè поголеми сцени.