Дизелот паѓа на 100 денари, бензинот поскапува

Еуросупер БС-95 од утре ќе се продава за 100 денари за литар, а БС-98 за 102 денари. Дизелот, пак, ќе чини 100 денари за литар, откако Регулаторната комисија ја намали цената за 4,5 денари.

Еуросупер БС-95 од утре ќе се продава за 100 денари за литар, а БС-98 за 102 денари. Дизелот, пак, ќе чини 100 денари за литар, откако Регулаторната комисија ја намали цената за 4,5 денари.

Пониска цена ќе има и екстра лесното масло за домаќинство – 111,50 денари за литар, што е намалување од три денари. Мазутот ќе се продава за 49,882 денари за килограм.

Најголемиот пад кај дизелот доаѓа поради намалената цена на нафтените деривати на светските берзи. Референтната цена на дизелот во изминатиот период паднала за 6,7 проценти, односно за повеќе од 107 долари по тон.

Кај бензините ситуацијата е поинаква – берзанската цена речиси не се променила, со минимален раст од 0,049 проценти.

На конечната цена влијаел и курсот на доларот, бидејќи денарот во однос на американската валута во просек ослабнал за нешто помалку од еден процент.

Дополнително, Владата ја продолжи повластената стапка на ДДВ од 10 проценти за дизелот, како и намалената акциза од четири денари по литар за бензините и дизелот.

Според Регулаторната комисија, со новата пресметка цените на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,06 проценти. Новите цени ќе важат до следната пресметка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс