Македонската режисерка Дина Дума ја освои престижната Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за филмот „Skateboarding Is Not for Girls“, објави Агенцијата за филм на Северна Македонија.
Станува збор за едно од значајните признанија на фестивалот, кое се доделува на авторка чија работа го отелотворува духот, храброста и визијата на легендарната Нора Ефрон.
Наградата се доделува во конкуренција на филмови од целокупната фестивалска програма, што го прави признанието уште позначајно за македонската кинематографија.
Од Агенцијата за филм упатија честитки до Дина Дума, како и до продуцентката Лабина Митевска и целиот авторски и продукциски тим.
Овој успех претставува уште една значајна меѓународна афирмација на македонскиот филм и потврда за присуството на домашните автори на големите светски фестивалски сцени.