Битола добива поддршка за дигитализација: 100 бизниси со бесплатни Soft POS решенија и бизнис картички

Во Битола започнува нова програма за поддршка на микро, мали и средни претпријатија преку воведување безготовински плаќања. Иницијативата има за цел да ја забрза дигиталната трансформација на локалниот бизнис сектор.

Во Битола започнува нова иницијатива насочена кон забрзување на дигитализацијата на локалната економија, преку поддршка на 100 микро, мали и средни претпријатија со бесплатни решенија за безготовинско плаќање.

Програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“ е реализирана во партнерство меѓу компанијата Visa, Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија, Халк Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје. Целта е да се поттикне користењето на дигитални платежни решенија и да се зајакне локалниот економски раст.

Конкурсот е отворен за микро, мали и средни претпријатија од Битола кои сакаат да воведат современи начини на плаќање во своето секојдневно работење. Пријавувањето започна на 22 јуни и ќе трае до 31 август 2026 година.

Избраните бизниси ќе добијат Soft POS терминали без месечен надомест за одржување и без провизија по трансакција во период од три месеци од инсталацијата. Дополнително, секој учесник ќе добие Visa Business Debit картичка со ослободена годишна членарина во првата година.

Пријавувањето се врши преку експозитурите на Халк Банка и НЛБ Банка, а право на учество имаат сите компании кои сакаат да ја унапредат дигитализацијата на своето работење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс