Диди барал забрана за објава на информации за случајот, судот го одбил

Судијата го одби барањето на Диди да им забрани на владините службеници да објавуваат информации поврзани со неговиот случај до медиумите. Судијата Арун Субраманијан го одби тоа барање во петокот, но прифати слично барање предложено од адвокатскиот тим на Диди.

Според наредбата, ФБИ, истражителите и правниот тим на Диди мора да се усогласат со законите кои им забрануваат да објавуваат информации за работата на поротата што може да влијае на правичноста на судењето, пишува Page Six.

„Да бидам јасен, оваа наредба не е издадена затоа што досега е откриено погрешно постапување бидејќи судот допрва треба да најде докази за поддршка на наводите за протекување информации. Целта на наредбата е да се осигура дека ништо не се случува во иднина што би можело да го загрози правично судење Судот ќе преземе соодветни мерки во случај на прекршување на правилата“, рече судијата.

Судијата ја издаде наредбата откако адвокатите на Диди го обвинија ФБИ дека објавиле видео на кое Диди физички ја малтретира својата поранешна девојка Кеси Вентура. Според нивните тврдења, агентите видеото снимено во хотелот го пренеле на Си-Ен-Ен со цел да му наштетат на угледот на Диди.

„Наместо видеото да го користат како доказ во судот, со други материјали да му дадат контекст, агентите несоодветно го искористиле на најштетен начин“, рекоа претходно.

ФБИ негираше каква било поврзаност со објавувањето на снимката.

„Владата ја немаше снимката пред да биде објавена на Си-Ен-Ен“, велат тие.

Диди беше уапсен во Њујорк и е во притвор соочен со обвинувања дека сексуално напаѓал жени и ги принудувал да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.

Неодамна против него беа поднесени уште пет пријави. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал. Дополнително, Комбс се товари дека дрогирал еден маж и три жени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни