Depeche mode ја помни смртта и го оживува најдоброто од себе – Memento mori нов студиски албум на Depeche mode

Depeche mode продолжува да живее и создава по смртта на ко-основачот и клавијатурист Енди Флечер во мај минатата година. На 24 март 2023, излезе Memento Mori,  петнаесеттиот студиски албум на Depeche Mode. Му претходеа синглот „Ghosts Again“ и песната „My Cosmos Is Mine“. Албумот ќе се промовира на истоимена светска турнеја.

Depeche Mode – Ghosts Again (Jimmy Kimmel Live!)

„Почнавме да работиме на овој проект на почетокот на пандемијата, а неговите теми беа директно инспирирани од тоа време. По смртта на Флеч, решивме да продолжиме бидејќи сме сигурни дека тоа е она што тој би го сакал, а тоа навистина му даде на проектот дополнително ниво на значење“ изјави Martin Gore околу процесот на создавање на албумот за Live Nation Entertainment.  Флечер не бил вклучен во подготовката на овој албум. Oва е дело на дуото Martin Gore Dave Gahan. На официјалната веб-страница на бендот се вели дека 12-те песни на албумот прикажуваат огромна ширина на расположенија и текстури, од неговото застрашувачко отворање до неговото затворање – поминувајќи ја скалата од параноја и опсесија до катарза и радост, и погодувајќи безброј точки помеѓу“.

Во темелната рецензија на Pitchfork стои дека темнината и сомнежот се  секогаш постојано обновувачката крв на Депеш Мод и се провлекуваат во најдобрите песни на Мементо Мори. „Овој албум повеќе се занимава со преживувањето отколку со успехот…Но, Depeche Mode станаа суперѕвезди со осветлување на темнината, со претворање на индивидуалниот очај или нихилизам во песни што се пеат заедно. Тоа го пробуваат овде, со посебна тројка која наликува на нивните крунски достигнувања, иако тоа го прави индиректно. „People Are Good“ и „Never Let Me Go“ не само што ја делат првата половина од насловот со два титански хитови на Depeche Mode, туку и нивните амбиции да станат химни. Жовијална, танцувачка и со длабоко разочарување, „Луѓето се добри“ е исповед на песимист кој закрепнува, сфаќајќи дека можеби бил во право, дека нашата природа е нашата пропаст.  „Never Let Me Go“ се врти кон тајното оружје на бендот, брендот на вознемирена гитара. Тоа ја нагласува фасадата на невротичната самодоверба што Гахан ја нуди толку добро, моли за љубов додека се преправа дека самиот е веќе отелотворена љубов.„

Depeche Mode – People Are Good

е-Трн да боцка во твојот инбокс