Денот кога Бубата го сруши историскиот рекорд на продадени автомобили

Посебен датум во историјата на Бубата е 17 февруари 1972 година. Тогаш, во 13:45 часот, од производната лента во Волфсбург, Германија, излезе 15.007.034-ти примерок на Бубата, со што беше срушен досегашниот светски рекорд во производството на автомобили кој го држел Ford Model T. Овој настан ја означи Бубата како најпроизводен и најпродаван автомобил на светот во тоа време.

VOLKSWAGEN Буба, позната и како Volkswagen Beetle, е еден од најпрепознатливите автомобили во историјата на автомобилската индустрија. Нејзиниот развој започнал во 1930-тите години во Германија, со цел создавање достапно возило за широките маси. Идејата за „народниот автомобил“ (герм. Volkswagen) била поттикната од Адолф Хитлер, а дизајнот бил доверен на инженерот Фердинанд Порше.

Производството започнало во 1938 година, но поради избувнувањето на Втората светска војна масовното производство било одложено. По војната, производството на Бубата повторно било започнато, а автомобилот брзо стекнал популарност низ целиот свет поради својата доверливост, едноставност и достапна цена. Во текот на 1960-те и 1970-те години, Бубата станала симбол на културата на младите и контракултурата, посебно во Соединетите Американски Држави.

Посебен датум во историјата на Бубата е 17 февруари 1972 година. Тогаш, во 13:45 часот, од производната лента во Волфсбург, Германија, излезе 15.007.034-ти примерок на Бубата, со што беше срушен досегашниот светски рекорд во производството на автомобили кој го држел Ford Model T. Овој настан ја означи Бубата како најпроизводен и најпродаван автомобил на светот во тоа време.


Производството на Бубата во Германија завршило на 19 јануари 1978 година, но продолжило во други земји, како Бразил и Мексико. Последната оригинална Буба била произведена на 30 јули 2003 година во Пебла (Мексико) со вкупно 21.529.464 примероци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни