Давид против Голијат: Курасао вечерва дебитира на СП против Германија

Курасао, мала островска држава со едвај 150.000 жители вечерва ќе го има своето деби на Светските првенства

Вечерва на програмата на СП се играат четири натпревари.

Еден од најочекуваните натпревари е секако дуелот Германија – Курасао кој се игра од 19.00 часот по македонско време.

Вниманието не е толку насочено кон фудбалскиот туку кој историскиот момент.

Курасао, мала островска држава со едвај 150.000 жители вечерва ќе го има своето деби на Светските првенства

А за дебито не можеа да имаат потежок противник од четирикратниот светски првак и фубдалски гигант, репрезентацијата на Германија.

Пласманот на Курасао предводен од легендарниот Дик Адвокат е убава спортска бајка и порака дека се е возможно.

Репрезентацијата на малиот карипски стрпливо го чека дуелот за историја против Германија.

Фудбалските вљубеници пак со нетрпение очекуваат да ги видат фудбалерите на Курасао на терен, а многумина од нив очекуваат таа магија од квалификациите да продолжи и на СП.

Дали Давид одново ќе го победи голијат или пак Германците веднаш ќе ја запалат машината, ќе дознаеме вечерва околу 21.00 часот кога мечот ќе заврши/

е-Трн да боцка во твојот инбокс