Денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од регистираните пожари, активни се шест пожари, под контрола се два пожари, додека четири пожари се веќе изгаснати.
Активен е пожарот кај селата Морани и Рамни Габер во општина Студеничани, а активни пожари има и во општиние Кичево, Велес, Јегуновце, Новаци и Македонски Брод.
Во моментов, под контрола се пожарите во општините Крушево и Делчев, додаваат од ЦУК.