Денеска без струја делови од Ѓорче Петров и Драчево

Прекините се планирани во утринските часови и ќе опфатат повеќе улици и локации во двете скопски населби.

Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје. Во периодот од 05:00 до 07:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Беаз Куле“ и „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров.

Прекин е планиран и во Драчево, каде што од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Сердарот“, во реонот на ТС „Подстаница“. Од ЕВН Македонија информираат дека прекините се поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс