Денес одлука за намалување на цените на горивата: Се очекува поевтинување на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денес одлучува за цените на горивата. Според најавите, бензинот може да поевтини за околу 4 денари, а дизелот за околу 7 денари по литар.

Денес Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука за новите цени на горивата во земјата. Според пресметките и најавите, се очекува значително намалување на малопродажните цени.Според премиерот Христијан Мицкоски, дизелот би можел да поевтини за околу 7 денари по литар, додека цената на бензините би се намалила за околу 4 денари по литар.

Тој претходно изјави дека очекува стабилизација на пазарот на нафтени деривати, поттикната од најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран, што би можело да влијае на глобалните цени на нафтата.

Во моментов, цената на нафтата се движи околу 80 долари за барел, но се очекува во следниот период да има тренд на намалување доколку се стабилизира геополитичката ситуација.Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврди конечните малопродажни цени, кои официјално ќе бидат соопштени во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс