Ветерот главно ќе биде слаб до умерен од северен правец, иако наместа долж Повардарието можат да се јават засилувања до 50 km/h. Во главниот град се очекуваат слични услови, со повремено засилен северен ветер во делови од котлината.
Утре, 14 јули, се очекува слично време: сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, наместа посилен долж Повардарието. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постојан слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР соопштуваат дека и наредните денови ќе останат сончеви и топли, со мала до умерена облачност. Сепак, од среда попладне, условите стануваат понестабилни, со можност за локална појава на пороен дожд и грмежи.