Делови од Скопје без струја до 14 часот

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денес без струја ќе останат делови од Радишани, Добри Дол и улицата „Стар Качанички Пат“.

Повеќе корисници во делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од месноста Рудина во селото Добри Дол, во општина Сопиште.

Од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето ќе имаат дел од жителите на улиците 1 и 21 во населбата Радишани, во општина Бутел.

Без електрична енергија од 10:00 до 14:00 часот ќе останат и дел од корисниците на улицата „Стар Качанички Пат“, исто така во општина Бутел.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да имаат разбирање за планираните работи на електромрежата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс