Делови од општините Карпош и Сарај денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани интервенции, информираат од ЕВН Македонија.
Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Ловќенска“, „Леринска“ и „Илија Плавев“ во општина Карпош.
Од 9 до 16 часот, пак, без електрична енергија ќе бидат селата Рашче, Копаница и Бојане во општина Сарај.
Од ЕВН велат дека станува збор за планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.