Невремето остави пустош: Делчево без струја, оштетени куќи во Дојран

Силниот ветер и поројните дождови предизвикаа поплави, паднати дрвја и штети врз возила и покриви во повеќе градови.
Фото: Фотографии од Фејсбук страницата на Илија Тентов – Градоначалник на Општина Дојран

Силното невреме што ја зафати земјава предизвика сериозни штети во повеќе општини, при што Делчево без струја и со десетици поплавени домови ја дочека ноќта. Поројниот дожд и силниот ветер кршеа дрвја и оштетуваа покриви и во Стар Дојран и Струмица.

Поројните врнежи од дожд и силниот ветер предизвикаа поплавување на поголем број куќи во Делчево. Градот и околните населени места останаа без снабдување со електрична енергија. Екипите на надлежните служби излегоа на терен за справување со штетите и испумпување на водата од поплавените објекти.

Фото: Фотографии од Фејсбук страницата на Пожарникари – Струмица

Силно невреме го погоди и Стар Дојран, каде што ветрот откорна повеќе стебла. Паднатите дрвја оштетија неколку паркирани возила и покриви на приватни куќи. Службите интервенираа за расчистување на коловозите и отстранување на паднатите гранки.

Невремето направи штети и во Струмица. Силниот ветер соборуваше дрвја низ градот, го отежна сообраќајот и предизвика материјална штета. Општинските екипи започнаа со расчистување на теренот за да се овозможи нормален проток на возилата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс