Deep Purple се враќаат во Скопје за проштален концерт: „Smoke on the Water“ ќе одекне во арената „Борис Трајковски“

Рок-легендите на 11 октомври ќе настапат во Скопје во рамките на прошталната светска турнеја, со хитови што одбележаа генерации и продукција во голем формат.

Една од највлијателните рок-групи на сите времиња, „Дип парпл“ (Deep Purple), на 11 октомври ќе настапи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Концертот е дел од нивната проштална светска турнеја, а според најавата, публиката ќе има можност да ги слушне легендарните песни што го одбележаа звукот на хард-рокот и оставија трага во музичката историја.

„Дип парпл“ зад себе имаат милионски тиражи на албуми, илјадници концерти и песни што продолжуваат да ги поврзуваат различните генерации слушатели. На скопскиот концерт се најавени класици како „Хаш“ (Hush), „Хајвеј стар“ (Highway Star), „Смоук он д вотер“ (Smoke on the Water), „Лејзи“ (Lazy), „Вен а блајнд мен крајс“ (When a Blind Man Cries) и „Блек најт“ (Black Night).

Бендот на турнејата настапува со голема сценска продукција, која вклучува моќен звук, светлосни ефекти и видеопроекции. Концертот во Скопје е можност за домашната публика повторно да ги доживее во живо музичарите чии рифови и песни се дел од историјата на рок-музиката.

Влезниците се достапни онлајн преку avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс