Битола на 17 јули ќе биде центар на регионалната електронска сцена со настапот на легендарното Греми-наградувано дуо Deep Dish на Ракометното игралиште.
Настанот е во организација на Music Rituals, во партнерство со IQOS, и ќе донесе вечер исполнета со електронска музика, светски познати артисти, регионални имиња и публика под отворено небо.
Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и посебна фестивалска атмосфера, настапот на Deep Dish во Битола се најавува како еден од најзначајните електронски настани ова лето.
Лајнап
На сцената ќе настапат:
- Miilo & Acika
- Branchez & Lephonq
- Deep Dish
- Nikifor
Bundle понуда за Deep Dish + Masaka Africana
За љубителите на електронската музика достапна е и специјална bundle понуда: билет за две журки по цена од 1.500 денари.
Понудата важи за настаните Deep Dish во Битола и Masaka Africana, овозможувајќи им на посетителите да бидат дел од две различни музички доживувања со една комбинирана карта.
Masaka Africana ќе се одржи на 24 јули во Хераклеја Линкестис во Битола, носејќи спектакуларно Afro House доживување под отворено небо. Предводено од Mickey Dastinz, ова шоу ги спојува моќните ритми, африканската култура, живите перформанси и импресивната визуелна продукција во вистинска церемонија на звук, енергија и танц.