Првиот самостоен тренерски ангажман на Давиде Анчелоти, синот на бразилскиот селектор Карло Анчелоти, заврши неуспешно, но младиот тренер брзо наоѓа нов предизвик во Европа.
Според пишувањата на шпанска Marca, 36-годишниот Давиде Анчелоти е пред преземање на францускиот Lille, откако доби отказ во бразилскиот Botafogo по помалку од половина година на клупата.
Анчелоти во Botafogo оствари 15 победи во 33 натпревари, но слабите резултати беа причина клубот да ја прекине соработката со него.
И покрај тоа, според Marca, францускиот прволигаш веќе ги договорил условите со Давиде Анчелоти, кој треба да го наследи Bruno Genesio на клупата.
Lille ја заврши сезоната на третото место во француското првенство и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што значи дека Анчелоти би можел веднаш да добие сериозен европски предизвик.
Давиде Анчелоти со години работеше како помошник на својот татко Карло во Real Madrid, а потоа заедно заминаа во Бразил. Францускиот фудбал не му е непознат, бидејќи престојуваше во Франција во периодот кога неговиот татко го водеше PSG.
Дополнителна предност за него е тоа што течно зборува француски, што може да му помогне побрзо да се вклопи во новата средина.