Семејството Улас живее во рурален ден на јужна Турција. Седум од вкупно деветнаесет деца се со интелектуална попреченост, а останатите без инвалидитети. Семејството станало предмет на интензивно истражување, бидејќи пет од седумте деца со попреченост имаат изразена, што им отежнува да стојат исправени додека одат. Како последица на тоа петте деца се движат на сите четири екстремитети. За жал, тие никогаш не можеле да се исправат и да се движат како и сите останати луѓе.

Ваквата физичка и интелектуална попреченост на петте деца случајно станала цел нао набљудување на Унер Тан од Медицинскиот факултет на Универзитетот Чукурова во Адана, Турција. Неговите истражувања резултирале со заклучок дека начинот на кој некои членови на семејството Улас се движат многу наликува на тоа како функционирале древните хомо сапиенси пред еволуцијата да ги натера да стојат исправено на две нозе. Според теориите на истражувањето ваквата интелектуално-физичка попреченост ја забележале како „назадната еволуција“. Притоа, нивната состојба ја категоризирале како Унер Тан синдром.

До неодамна скоро никој не знаеше за предизвиците со кои се соочува семејството Улас како и за истражувањето на Унер Тан. Тоа се промени откако Би-Би-Си направи документарец за нив. Поттикнати од необјавен труд на Унер Тан, британските научници Николас Хемфри и Џон Скајлс му се придружија на Тан и заедно со филмската екипа на Би-Би-Си го документираа секој чекор од движењето на децата.