По неколкудневното топло време со температури над просекот за ноември, викендот во Македонија ќе донесе променливи временски услови, сончеви периоди, но и повремени врнежи од дожд. Иако температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината, постепено ќе се намалуваат.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во сабота, 21 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 15 до 21 степен. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Во недела, 22 ноември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а дневните од 13 до 19 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Во западните делови од земјата во вечерните часови се очекуваат локални врнежи од дожд.
Променливото време ќе продолжи и на почетокот на следната недела, кога се очекува постепено намалување на температурите. Под влијание на студен воздушен бран, во некои места температурите ќе се спуштат и под нулата.
Граѓаните кои планираат викенд-прошетки или патувања треба да ја следат прогнозата, особено поради можните врнежи и променливите услови во западните делови од земјата.
